Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, верува дека Интер и Јувентус се главни фаворити за титулата во Серија А.
Милан во последните две кола одигра реми, па сега има предност од само еден бод на врвот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли тврди дека неговиот тим е амбициозен и сака до крај да се бори за Скудетото, но сепак Интер и Јувентус имаат посилни тимови.
„Имаме право да бидеме амбициозни. Досегашните резултати покажуваат дека можеме да се бориме со најсилните екипи во лигата. Но, дали е можно Јувентус да не бидат фаворити за титулата, или еден силен тим каков што е Интер. Знаеме дека изненадивме многумина, но ние сакаме да се бориме за титулата“, истакна Пиоли.
„Против Џенова ни недостасуваа многу важни играчи. Направивме се за да ги освоиме трите бода, но примивме два гола. Мислам дека нашиот проблем е што примаме многу голови во последно време“, додаде тренерот на „росонериете“.