Изгледа дека повеќе нема дилеми, еден од најбараните фудбалери во Европа во овој момент потпишува за Лајпциг.
Како и што се најавуваше пред неколку Доминик Собослај се сели од Салзбург во Лајпциг. Голем број тимови покажаа интерес за да го доведат Собослај, се поврзуваше и со најголемите европски клубови како Реал, Баерн, Милан, Атлетико…На крајот Собослај ја избра Бундес лигата и тимот на Лајпциг кој за него ќе плати 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот новинар Фабрицио Романо пренесе дека агентот на 20 годишниот фудбал Матијас Естехази е виден на аеродромот во Будимпешта, а потоа австрискиот и германскиот „Скај“ потврдија дека слетал во Лајпциг.
Собослај со Лајпциг ќе потпише договор до 25 години и се очекува денес да ги заврши медицинските прегледи. Прилика за деби ќе има на 9. јануари и тоа против Борусија Дортмунд. Со трансферот од 25 милиони евра Собослај ќе стане најскапиот унгарски фудбалер на сите времиња.
Here-we-go confirmed ✔️
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 17, 2020
Here’s the agent of Szoboszlai, Mátyás Esterházy, spotted in Budapest airport this morning.
Today is the day for Dominik Szoboszlai joining RB Leipzig – medicals expected on next hours. ✈️⚪️🔴 #transfers #Szoboszlai pic.twitter.com/34a0LwntQr