Дома Останати Ракомет Чупиќ, Јотиќ, Векиќ и Хорват на списокот на Червар за СП во Египет

Чупиќ, Јотиќ, Векиќ и Хорват на списокот на Червар за СП во Египет

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска Лино Червар го објави првичниот список за подготовките за претстојното Светското првенство кое ќе се игра во Египет.

Подготовките Хрватска ќе ги започне на 26. Декември, а на списокот на Червар се најдоја тројца ракометари на Вардари: Иван Чупиќ, Ловро Јотиќ и Јосип Векиќ. Повик доби и ракометарот на Металрг, Златко Хорват. Анте Гаџа од Вардар и Стипе Мандалиниќ од Е.Пелистер се на листата за први резерви.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На списокот се уште: Марин Шего, Иван Пешиќ, Мате Шуњиќ. Давид Мандиќ, Ловро Михиќ, Валентино Равниќ, Јосип Божиќ Павлетиќ, Марин Шипиќ, Никола Граховац, Џанфранко Прибетиќ, Халил Јагањац, Јоспип Шарац, Матеј Хрстиќ, Јанко Кевиќ, Лука Шебетиќ.

Треба да се спомене дека ова не е конечен список затоа што ги нема најголемите ѕвезди како Дувњак, Карачиќ, Степанчиќ, Циндриќ, Штрлек…Тие ќе приклучат подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и в…