Пол Погба потврди дека останува посветен на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што неговиот агент изјави дека не е среќен на Олд Трафорд и дека бара трансфер во јануари.
Погба беше стартер во вчерашниот натпревар против Манчестер Сити, а после натпреварот светскиот првак со Франција кажа дека во целост е фокусиран на Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот играч во Јунајтед пристигна за тогаш светски рекорд од 89 милиони фунти во 2016. година, но не успеа да ја освои ПЛ или ЛШ, па затоа се почесто е на мета на критики.
Неовиот агент Мино Раиола неодамна рече дека времето на Погба во Манчестер е завршено и дека ќе го напушти Олд Трафорд уште во јануари.
„Секогаш се борев и ќе се борам за Манчестер Јунајтед, за своите соиграчи и навивачите. Бла бла не е важно. Иднаната е далеку, денеска е важно што сум 1000 посто вклучен. Секогаш заедно! Се беше јасно помеѓу клубот и мене и тоа никогаш нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре, немојте да зборувате.“ – порача Погба.
Договорот на Погба со Јунајтед истекува на лето 2022. година, а Раиола најави дека за сите ќе биде во интерес Јунајтед да го продаде во јануари пред вредноста на трансферот да падне.