Дома Фудбал Италија Милан руши рекорди и спрема нови засилувања

Милан руши рекорди и спрема нови засилувања

Милан како гостин синоќа ја победи Спарта Прага во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа и така ја продолжи серијата на добри резултати.

„Росонерите“ ја продолжија серијата без пораз на гостински терен во сите натпреварувања која трае 18 натпревари. Ова е најдобриот резултат на клубот од 1993 година, кога серијата заврши со 20 натпревари.

Милан е лидер во Серија А и игра фантастично, а италијанските медиуми пренесуваат дека раководството сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Приоритет е засилување на одбраната, а прва цел е дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак чија цена изнесува 20 милиони евра.

Милан сака да ги засили и другите редови на тимот, па како засилување на средниот ред сака да го донесе Доминик Собослај од Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енрике и ПСЖ со амбиции за трета победа по ред

ПСЖ се надева на трета победа по ред во Лига 1, со цел да се доближи до врвот на табелата.…