Наполи и Реал Сосиедад денес во последното коло од групната фаза од Лига Европа ремизираа 1:1, овој резултат им одговараше и на двете екипи па така и Наполи и Реал Сосиедад обезбедија европска пролет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До водство Наполи дојде во 35. Минута преку Пјотр Зјелински. Полскиот фудбалер постигна прекрасен гол со удар далечина. Елмас од Гатузо доби 15-тина минути, во игра влезе во 74. Минута. До бод кој му обезбеди место во 1/16 финалето Сосиедад стигна во судиското продолжение преу Вилијам Жозе.
Во вториот меч од оваа група Ријка го победи АЗ Алкмар со 2:1. Дарко Велковски остана на клупата за резерви кај хрватскиот тим.