Дома Фудбал Италија Пиоли ќе ги изненади навивачите со изборот на капитен за натпреварот вечерва

Пиоли ќе ги изненади навивачите со изборот на капитен за натпреварот вечерва

Фудбалерите на Милан вечерва играат против Спарта во Прага во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ веќе го обезбедија пласманот во нокаут фазата, а вечерва ќе се борат за првото место во групата. Но, јасно е дека Стефано Пиоли ќе ја искористи оваа прилика да одмори голем дел од првотимците.

Италијанските медиуми пишуваат дека вечерва за Милан нема да играат: Донарума, Ромањоли, Кјаер, Бенасер и Чалханоглу, додека Ибрахимовиќ е повреден од претходно.

Поради тоа се појави интересна вест кој е планиран да биде капитен при толку отсустни. Наводно, Пиоли донел одлука капитен на Милан вечерва да биде Сами Кастиљехо кој вообичаено не е стартер.

Шпанецот за Милан одигра 79 натпревари откако пред две години пристигна од Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…