Дома Фудбал Пандев: Репрезентативната кариера сакам да ја завршам со Германија пред полн стадион во Скопје!

Пандев: Репрезентативната кариера сакам да ја завршам со Германија пред полн стадион во Скопје!

Македонија вчера ги доби противниците во групите за квалификациите за СП 2022 кое ќе се игра во Катар.

Групата секако не е лесна, но можеше да биде и потешка. Ќе играме во група со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Против Германија ќе играме за првпат во нашата историја, а капитенот Горан Пандев порача дека би сакал од репрезентација да се пензионира пред полн стадион против оваа селекција во Скопје.

„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација ја чека настап на Европското првенство и шанса за добри квалификации и напад на второто место во групата“, изјави Пандев.

Од групата само првопласираната екипа оди директно на Мундијалот, додека вторите места играат бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четворица стрелци за шестата домашна победа на Струга, следен е Вардар

Струга го победи Скопје со 4-0 и го продолжи беспрекорниот домашен биланс. Стружани со 23 …