Неверојатна приказна пристигна од Аргентина, односно од новинарот Хорхе Рaал кој откри интересни детали поврзани со Марадона.
Имено, дека Диего Марадона секој месец имал фиксен трошок од околу 10 милиони аргентински пезоси (околу 100.000 евра).
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Меѓутоа, тие пари Марадона не ги трошел на жени, алкохол, дрога, туку издржувал повеќе од 50 семејства – работници, пријатели, поранешни жени, фамилии…
„Да, Марадона трошеше месечно по 10 милиони пезоси… Не делува многу кога зборуваме за Марадона, но знаете ли колку голема бројка е тоа? Секој месец од неговата сметка беа плаќани овие пари за да прехрани 50 семејства“, открива Хорхе.
„Зошто ова е важно? Бидејќи сметките на Диего сега се блокирани, па кој ќе плаќа 10 милиони за издржување на овие семејства? Некој мора да плаќа!“