Дома Фудбал Јувентус со два слични гола до победа во градското дерби 🎥

Јувентус со два слични гола до победа во градското дерби 🎥

Jувентус и Торино денес го играат градското дерби во рамките од 10. Коло во Серија А.

„Старата дама“ во последно време не прикажува настапи какви што очекуваат навивачите, а така беше и денес. Торино дојде до предност уште во 9. минута од мечот. Јувентус немаше игра, тешко им одеше креирањето на шанси. Како играше Јувентус во првите 45 минути најдобро покажува податокот дека црно-белите имаа само еден шут во рамките од голот.

Во вториот дел работите не се променија премногу, гледавме слична слика во првите 15-тина минути. Како што одминуваше времето, Торино се повлекуваше и таа нивна тактика се покажа како погрешна. Американецот Винстон Мекени ги изедначи резултатот во 77. минута после едно нафрлување на Квардадо. На една минута пред истекот на регуларните 90 одново слична ситуација, Квардадо нафрли многу слично како и при првиот гол, но овој пат место Мекени топката во мрежата ја смести Леонардо Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…