Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкендија по „петардата“ против Македонија Ѓ.П на тешко гостување во Велес

ПМФЛ: Шкендија по „петардата“ против Македонија Ѓ.П на тешко гостување во Велес

Лидерот во македонското првенство, екипата на Шкендија денес гостува во Велес кај Борец.

Тетовскиот тим одигра фантастичен натпревар против Македонија Ѓ.П во кој постигнаа пет гола и расположени влегуваат во овој дуел. Од друга страна Борец славеше против Струга Трим Лум и го одржи чекорот зад водечките во мак фудбалот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За овој натпревар Шкендија нема да смета на Валон Адеми кој се уште е повреден и не се знае кога повторно ќе биде во комбинација за настап, а добра вест е враќањето на Арменд Алими кој не играше против Македонија Ѓ.П.

Теренот во Велес важи за еден од најтешките за играње, единствен тим кој сезонава славеше на стадионот „Зоран Паунов“ е Вардар пред две кола. Сепак, Шкендија е најдобрата екипа во овој момент и се уште не знае за пораз.

ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ:

Шкендија – Борец 1:1

Борец – Шлендија 4:2

Шкендија – Борец 4:0

Борец – Шкендија 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…