Како што се наближува времето за истекот на неговиот договор се повеќе и повеќе се зборува дека Меси ќе ја напушти Барселона и ќе премине во редовите на ПСЖ.
Француски новинар за реномираниот „РМЦ Спорт“ потврди дека има проверени информации дека Меси преговара со ПСЖ. Покрај тоа Нејмар после победата на ПСЖ против Манчестер Јунајтед оваа недела порача дека сака веќе од наредната сезона повторно да игра со Меси. На оваа тема зборуваше и легендарниот Ривалдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено би сакал повторно да ги видам Нејмар и Меси заедно, па нека биде тоа и во ПСЖ. Нејмар кажа дека сака да игра повторно со Лео во наредната сезона, сигурно знае нешто. Можеби од врвот на клубот му кажале дека се преговара или разговара со Меси. И двајцата се пријатели…Нејмар знае дека договорот на Меси истекува и мислам дека прави притисок да дојде во ПСЖ“, изјави Ривалдо.
Нема сомневање дека ако Меси дојде во ПСЖ тогаш „светците“ ќе бидат фаворит за освојување на сите натпреварувања.