Осум повреди, 28 натпревари и трансфер од 100 милиони евра.
Реал Мадрид прилично скапо го плаќа Азар. Ако се спореди колку Реал му плати на Челзи и колку Белгиецот помина на теренот за оваа година тогаш го добиваме еден најпреплатените трансфери во историјата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На Челзи Реал му плати 100 милиони евра, а можеби ќе му доплати и некој милион повеќе ако се исполнат некои бонуси од договорот. Еден веќе е исполнет. Азар до сега одигра 28 натпревари и на теренот помина 1860 минути.
„АС“ пресмета дека кога се ќе се собере: Висината на трансферот и платата на Азар од 24 милиони евра годишно бруто и се ќе се подели се доаѓа до тоа дека Реал платил 72.258 евра за секоја минута која Азар ја поминал на теренот.
Барем засега е ова е промашување од епски размери…