Дома Фудбал „Парите на Лео не му се проблем, проблем е што тој беше измамен“

„Парите на Лео не му се проблем, проблем е што тој беше измамен“

Главна тема во Барселона во последните неколку месеци секако се претседателските избори и потенцијалното заминување на Меси од клубот следното лето.

Откако Хозе Марија Бартомеу си поднесе оставка на местото претседател, функцијата привремено ја превзема Карлес Тускетс. Тускетс пред неколку дена изјави дека тој да бил на местото на Бартомеу изминатото лето ќе му дозволел на Меси да замине за клубот да ги реши финанските проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во целата приказна сега се вклучи поранешниот претседател на Барселона кој сега сака да се врати на оваа функција, Жоан Лапорта.

„Лео сака да остане во Барселона, јас сакам повторно да биде среќен. Негов проблем не се парите, тој сака да игра во клуб кој секоја година ќе биде помеѓу најдобрите. Клубот го измами и тоа е проблемот. Тој е победник и не може да гледа од година во година како некој друг го крева трофејот во ЛШ. Нормално дека сакам да остане, благодарен сум му за се што направи за Барселона“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…