Дома Топ вести Рамос организираше итен состаток во Реал

Рамос организираше итен состаток во Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос утрово свикал итен состанок, на кој ги повикал соиграчите на мобилизација со цел да се преброди кризата во која се наоѓа тимот.

Според „АС“ на состанокот не присуствувал тренерот Зинедин Зидан, но играчите потврдиле дека целосно стојат позади Французинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите Рамос изјавил пред тимот дека сите треба да дадат дополнителни напори до крајот на оваа година, бидејќи најважно е тимот да оствари победа против Мехенгладбах следната недела и да се пласира во нокаут фазата од ЛШ.

„Само една победа не дели од тоа да се пласираме во нокаут фазата. Тоа зависи само од нас и ние треба да дадеме се за да ја оствариме целта. Ние сме Реал Мадрид, заедно сме пребродиле и потешки ситуации“, биле зборовите на Рамос.

Според „АС“ само Иско и Маријано Дијаз не ја дале својата поддршка до тренерот Зидан, а сите останати категодично застанале зад тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…