Фудбалскиот сојуз на Србија го понудил местото селектор на легендарниот француски стратег Арсен Венгер.
Како што објавија српските медиуми, претседателот на ФСС Славиша Кокеза стапил во контакт со 72 годишниот Венгер и му понудил да биде селектор, но Французинот ја одбил таа понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Венгер одговорил дека не е заинтересиран да биде селектор на Србија и им се заблагодарил на повикот. Сега Србите ќе мораат да ја продолжат потрагата по нов селектор.
Според информациите нема да штедат за да доведат добро познато име. Планот е новиот селектор на Србија да биде промовиран до 15. декември.