Дома Фудбал Англија Едерсон: Јас изведувам најдобро пенали во Манчестер Сити

Едерсон: Јас изведувам најдобро пенали во Манчестер Сити

Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон тврди дека тој е најдобриот изведувач на пенали во неговата екипа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сити има проблеми со изведувањето пенали оваа сезона. Габриел Хесус, Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро, Илкај Гундоган и Кевин Де Брујн промашуваа сезонава.

„Некогаш тренирав и слободни удари, но тоа е во минатото, имаме добри изведувачи во тој дел. Кога во прашање се пеналите, тука сум најдобар во екипата иако не шутирам на натпреварите“, самоуверено изјави Едерсон.

Во оваа прилика медиумите потсетија на изјава на Пеп Гвардиола од 2018 година во која кажува дека Едерсон никогаш нема да изведува пенал.

„Тоа нема да се случи затоа што е голман. Имам други играчи кои можат да ги изведуваат, а имаме и почит кон притивникот. Би можел да шутира на пријателски натпревар или ако дојде на ред во некоја пенал серија“, изјави тогаш Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…