Дома Фудбал Англија Клоп откри кога се враќа Алкантара

Клоп откри кога се враќа Алкантара

Тиаго Алкантара ова лето пристигна како големо засилување во Ливерпул, но моментално е надвор од терените поради повреда.

Списокот на повредени во Ливерпул е поприлично долг, а Клоп на денешната пресконференција откри каква е состојбата со Тиаго Алкантара.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот откри дека повредата не е наивна и дека во следните неколку недели плејмејкерот сигурно ќе биде надвор од терените.

„Проблематично е што никој не може да каже кога Тијаго би можел да игра повторно, бидејќи ништо не е скршено, сите претпоставуваат дека може да се врати за неколку дена, тој ќе тренира, па ќе почувствува болка и така веќе неколку пати досега. Она што е сигурно е дека во следните неколку седмици сигурно ќе го немаме во тимот, а подетална прогноза не може да даде никој“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-фудбалерот на Милан вторпат направи сообраќајка во три месеци

Напаѓачот на Емполи, Мбаје Нијанг имаше уште една сообраќајна несреќа. Овој 29-годишен нап…