Дома Фудбал „Камп Ноу“ може да биде преименуван во чест на Меси

„Камп Ноу“ може да биде преименуван во чест на Меси

Битката за претседателската функција во Барселона се вжештува и кандидатите за наследник на Џозеф Бартомеу даваат секакви изборни ветувања.

Кандидатот за претседател на Барселона, Емили Русо објави дека планира да ја преименува арената „Камп Ноу“ во чест на Лионел Меси.

„Без оглед што договорот му истекува на крајот од сезоната, тој е најзначајната фигура во нашата историја. Подготвен сум пред одборот да предложам стадионот да се нарекува Камп Ноу Лео Меси“, вели Русо.

„Ако победам во претседателската трка, ќе сметаме на Чави, Иниеста и Пујол за да создадеме силна врска меѓу врвот на клубот, нашиот прв тим и Ла Масија“, додаде Русо и вети дека ќе го врати Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барсел…