Дома Фудбал Што му кажа Видал на Ентони Тејлор за да добие црвен картон?

Што му кажа Видал на Ентони Тејлор за да добие црвен картон?

Видал вчера во поразот на Интер заработи црвен картон откако му се внесе во лице на главниот судија Ентони Тејлор.

Во првото полувреме Чилеанецот доби два жолти картони откако збесна зошто Тејлор не досуди пенал за Интер. Тејлор беше блиску и сметаше дека во таа ситуација нема елементи за пенал.

Нервозниот Видал прво доби жолт картон, но тогаш не се смири и продолжи да беснее, а сега е откриено после која реченица Тејлор го испратил во соблекувалната.

„Го имаше тоа „сра*е ВАР, можеш да оди да видиш и ти не правиш ништо“, наводно биле зборовите по кои Тејлор му покажал втор жолт што значеше црвен.

Видал беше исклучен при резултат 0:1. Реал во второто полувреме постигна уште еден гол за сигурна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон пред одлука за иднината, Ираола призна: Не знам дали ќе остане

Договорот на бразилскиот голман истекува во јуни, а тренерот на Ливерпул се надева дека со…