Дома Фудбал Останато „Секогаш зборував дека Роналдо е најдобар, но покрај Меси бев како аматер“

„Секогаш зборував дека Роналдо е најдобар, но покрај Меси бев како аматер“

Кевин Принс Боатенг во јануари 2019 година пристигна во Барселона како позајмен играч од Сасуоло и тоа беше вистински шок за фудбалската јавност.

Барселона го доведе Боатенг тогаш како резерва за Суарез, а тој не се прослави. После само половина година си замина од клубот, како што се очекуваше Барса не го откупи неговиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Боатенг одигра само неколку натпревари за Барселона, но и покрај тоа порача дека тоа бил еден од неговите најдобри периоди во животот. За него било чест да се носи дресот на таков клуб, како и да тренира со најдобрите играчи во светот.

Нормално најголем впечаток на него оставил Лео Меси.

„Тренирањето со Меси ме остави без зборови. Секогаш зборував дека Роналдо е најдобар во светот, но Меси е нешто посебно. Тој не е нормален. Додека тренирав со него се чуствував како аматер. Си зборував себе си: Толку е, треба да се пензионираш. Навистина зборуваме за еден спектакуларен играч“, изјави Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…