Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Фудбалот е мој најдобар пријател, без него би бил изгубен

Ибрахимовиќ: Фудбалот е мој најдобар пријател, без него би бил изгубен

Ибрахимовиќ на 39 години игра феноменален фудбал.

Во изминатиот викенд Ибрахимовиќ постигна два гола во победата на „росонерите“ против Наполи со што Милан остана на врвот во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Златан и на 39 години има огромна желба за игра. Неговите зборови звучат неверојатно за некој кој поминал толку многу во кариерата.

„Секогаш кога ќе ги облечам копачките си помислувам: Ова е тоа што го сакам! Фудбалот е моја страст, мој најдобар пријател. Без фудбал не би бил тоа што сум, би бил изгубен“, изјави Ибрахимовиќ.

Во мечот против Наполи Ибрахимовиќ се повреди, но ќе се врати за брзо.

„Ништо сериозно. Се враќам за недела-две“, потврди Швеѓанецот.

Златан оваа сезона постигна вкупно 10 голови во Серија А и еден во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…