Дома Кошарка Богдан Богдановиќ е нов кошаркар на Атланта

Богдан Богдановиќ е нов кошаркар на Атланта

Во Сакраменто долго траеше сагата околу Богдан Богдановиќ. На крајот, Кингси дозволија да замине еден од најдобрите шутери во екипата.

Се шпекулираше дека се е завршено и Богдан ќе се пресели во Милвоки, но поради неговиот договорен статус немаа право на таква размена.

Богдановиќ потпиша со Атланта четиригодишен договор вреден 72 милиони долари.

Интересно е што исто така прифатија да платат 15% од годишната заработка на Богдановиќ ако кошаркарот се одлучи на трејд во последната сезона, додека Богдан исто така има опција да го промени клубот после третата година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ја растури Јута со 43 поени, Богдановиќ прецизен за Хјустон

Хјустон славеше со 125:118 предводен од Алперен Шенѓун, а Богдан Богдановиќ погоди три тро…