Нашиот репрезентативец Ардијан Аземи денеска го доби бронзениот медал на Европското првенство за младинци во Будва.
На церемонијата на доделување на медалите гостин на ЕУБЦ и на шампионатот беше претседателот на Боксерската федерација, г-дин Примислав Димовски кој додели дел од признанијата на медалистите во категоријата 91 килограм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Македонија ова е прв медал во младинска конкуренција по 1995 година, последен пат до медал на континенталниот шампионат стигна Примислав Димовски кој исто така освои бронза на ЕП во Турција.