Дома Фудбал Новинарите го налутија Зидан со прашањето за Азар

Новинарите го налутија Зидан со прашањето за Азар

Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Виљареал, а тренерот Зинедин Зидан на денешниот натпревар не можеше да смета на неколку стандардни фудбалери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот шпански шампион постигна гол за водство во втората минута преку напаѓачот Мариано Диаз, а израмнување донесе Жерар Морено од пенал во 76. минута.

По средбата новинарите го изнервираа Зидан со прашање зошто Еден Азар беше рано заменет од натпреварот, а на негово место влезе Винисиус Жуниор.

„Не грижете се. Вие работете си ја вашата работа, а ние продолжуваме со нашата. Азар исто така. Тој не играше долго и морам да ја одредувам неговата минутажа. Тој е со нас и се чувствува добро“, кажа Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…