Барселона синоќа во Мадрид е поразена од Атлетико во рамките на 10. коло од шпанската Ла Лига.
Овој пораз ја разбуди кризата која владее во Барселона. Каталонците се во финансиски проблеми, некои од играчите веќе сакаат да заминат, клубот неодамна остана без комплетната управа, а навивачите се молат да замине и тренерот Роналд Куман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето тоа резултираше со очаен почеток на сезоната и ретко кој се сеќава кога последен пат Барселона имала послабо отварање на сезоната. Последен пат кога Барса освои 11 бода после 8 одиграни натпревари беше во далечната 1991/92. Од тогаш, скоро три децении немале полошо отварање на сезоната.
Барса е само четири бода од зоната за испаѓање, а дури и оние кои се најголеми оптимисти веќе го прифатија поразот и се откажаа од титулата…