Дома Фудбал Италија Тоти: Ибрахимовиќ до 50 години може да игра фудбал на една нога

Тоти: Ибрахимовиќ до 50 години може да игра фудбал на една нога

Златан Ибрахимовиќ иако има 39 години сепак игра на едно високо ниво во Милан.

По неговото пристигнување минатиот јануари Милан како да е друг тим, „росонерите“ од тогаш бележат фантастични резултати, а и новата сезона одлично ја статуваа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


 Големи пофалби на сметка на Ибра испрати легендарниот фудбалер на Рома Франческо Тоти.

„Ибрахимовиќ додека наполни 50 години може да игра и на една нога“, изјави иконата на Рим.

Ќе потсетиме Тоти додека беше директор на Рома се обиде да го доведе Швеѓанецот во Рим, меѓутоа тогаш Ибрхаимовиќ избра да оди во МЛС во Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…