Дома Фудбал Италија Toти го победи коронавирусот и објасни низ што се поминал: Грозницата не престануваше, губев сила…

Toти го победи коронавирусот и објасни низ што се поминал: Грозницата не престануваше, губев сила…

Легендарниот капитен на Рома Франческо Тоти на Инстаграм објави дека успеал да го победи коронавирусот.

Тоти покрај фотографијата објасни низ што поминал во периодот додека се борел со вирусот кој го промени светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се олеснување можам да ви соопштам дека го победив Ковид-19. Тоа не беше како некоја прошетка во парк. Грозницата не поминуваше, нивото на кислорд ми беше ниско, се повеќе и повеќе губев сила“.

Состојбата му се влошувала, а вистински шок за него било кога дознал дека има воспаление на белите дробови.

„Поради праворемената дијагноза успеав да се излечам за 15 дена. Ковид-19 може да се победи со мерките кои одговараат и праворемена реакција“, стои помеѓу другото во соопштението на Тоти.

Ќе потсетиме, коронавирусот оваа година донесе и трагедија во семејството на Тоти бидејќи од вирусот почина неговиот татко, вирусот го прележа и неговата сопруга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…