Дома Фудбал Репрезентации Ноер со порака до Лев: Милер, Хумелс и Боатенг беа прерано отпишани

Ноер со порака до Лев: Милер, Хумелс и Боатенг беа прерано отпишани

Репрезентацијата на Германија во вторникот доживеа вистинска катастрофа во Лигата на Нации.

Германците играа на гости против Шпанија во последното коло од Лигата на Нации и во тој меч „Црвената Фурија славеше победа со високи 6:0.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


По тој натпревар се појавија шпекулации дека Јоаким Лев би можел да добие отказ меѓутоа тоа нема да се случи. Но, сепак многумина сметаат дека прерано направил смена на генерација и отпишал неколку искусни играчи.

Такво мислење има и Мануел Ноер кој смета дека Лев прерано се откажал од Томас Милер, Матс Хумелс и Жером Боатенг.

„Сите тројца многу би ни помогнале. Премногу покажаа во минатото за сега да не добиваат повик. Тие не ги завршија репрезентативните кариери и мораме да сметаме на нив. Сепак, за тоа одлучува селекторот“, изјави Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Работнички ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Торпедо Белаз

Екипата на Работнички од денеска ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот проти…