Дома Фудбал Репрезентации Лука Јовиќ кога игра за Србија како да е друг играч

Лука Јовиќ кога игра за Србија како да е друг играч

На Лука Јовиќ во Реал Мадрид не му оди, но од друга страна периодов прикажува одлични настапи за репрезентацијата на Србија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За една недела, во два натпревари Јовиќ за Србија постигна три гола, два против Русија и еден против Шкотска.

Во Реал Јовиќ дојде како големо засилување меѓутоа засега ниту малку не ги оправдува очекувањата бидејќи вкупно од почетокот на сезоната за „кралевите“ има постигнато два гола.

На големо во шпанските медиуми се пишува дека Реал Мадрид сака да се ослободи од Јовиќ и може да се случи српскиот напаѓач да ја промени средината уште во јануари, секако тоа ќе биде за значително за помала сума од онаа за која пристигна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …