Дома Топ вести Ла Лига ги задолжи Барса и Реал да ги намалат платите за 450 милиони

Ла Лига ги задолжи Барса и Реал да ги намалат платите за 450 милиони

Новата финансиска реалност во шпанскиот фудбал ја натера Ла Лига драстично да ги намали платите кај елитните клубови.

Ова најсилно ќе го почуствуваат Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот клуб треба да ги намали платите за точно 273.71 милиони евра. Горната граница за плати на „Камп Ноу“ до сега беше 656,3 милиони евра, а сега таа се намалува на 382,7 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Реал Мадрид треба да ги намалат платите за 172,5 милиони евра и горната граница за плати треба да изнесува 468,5 милиони евра.

Оваа одлука ќе влезе на сила во февруари 2021 година и до тогаш сите клубови треба да најдат решение.

Максималниот буџет за плати во Атлетико Мадрид се намалува за 95,7 милиони евра. Четвртиот клуб кој најдрастично треба да ги намали платите е Валенсија со 73,3 милиони евра.

Сите клубови во Примера во моментов даваат 2,9 милијарди евра за плати, а сега намалувањето вкупно ќе биде за нешто повеќе од 600 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…