Дома Фудбал Изненадување: Самуел Ето се враќа на фудбалските терени?

Изненадување: Самуел Ето се враќа на фудбалските терени?

Само една недела по собраќајната несреќа Самуел Ето би можел да направи шокантен кам-бек на фудбалските терени.

Поранешниот репрезентативец на Камерун и член на Барселона и Интер се поврзува со шпанскиот третолигаш Мурсија. Клубот кој е финансиран од катарски инвеститори би можел да го врати Ето на терените.

Ето крај на кариерата објави во септември минатата година кога играше во Катар, а претходно беше дел од турското првенство.

Шпанските медиуми пишуваат дека шансите Ето да потпише за Мурсија се 50-50. Останува да видиме како на крајот се ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лазаревски со гол и асистенција во шестката на Престон, Стојановиќ го запре Штурм

Даниел Лазаревски и Јонас Марковски се запишаа меѓу стрелците за Престон, а Дејан Стојанов…