Maкедонија денес слави историски пласман на Европското првенство кое ќе се игра наредното лето.
Огромни заслуги за ова секако има селекторот Игор Ангеловски. Денес цела нација е со репрезентација да не е короната, веројатно сега и против Естонија во недела би бил полн стадионот. Такво нешто во не толку далечното минато изгледаше како научна фантастика. Стадионот се полнеше само кога доаѓаа репрезентации кои имаат во својата тим фудбалски ѕвезди…Ангеловски направи нацијата да го сака националниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Создаде една неверојатна хемија помеѓу фудбалерите која лесно може да се забележи, атмосферата никогаш не била подобра.
Дека е човек со визија и план покажува потегот кој го направи кога дојде на селекторската функција во 2015 година. Самиот лично отпатува во Италија да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Тоа беше почетокот на создадавањето на изгледот кој репрезентацијата го има денес.
Се сеќавате како дебитираше? Пред стотина навивачи против Црна Гроа.
Тоа не го откажа, напротив самиот непосредно пред натпреварот со Грузија зборуваше за тие почетоци и откри дека уште тогаш ги убедувал репрезентативците дека работите ќе се променат и Македонија еден ден ќе се бори за пласман на Европско првенство и – еве сме заедно со европскиот крем!
И да не заборавиме можеби и денес Ангеловски прави потег кој многу ќе значи за македонскиот фудбал и во иднина, да зборуваме за Дени Мусовски. Момчето кое тресе мрежи во Лос Анџелес во МЛС лигата. Времето ќе покаже како ќе игра во дресот на Македонија, меѓутоа факт е дека на нашиот напад му треба освежување, Мусовски може да биде токму тоа.
Затоа селекторе, уживајте во овој момент – го заслуживте!