Дома Фудбал Останато После објавата дека Меси преговара со ПСЖ, се огласи неговиот татко

После објавата дека Меси преговара со ПСЖ, се огласи неговиот татко

Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.

Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Еминентниот „ЕСПН“ денес објави дека таткото на Меси, Хорхе веќе започнал преговори со ПСЖ и дека двете страни се блиску до договор (ОВДЕ).

Меѓутоа, Хорхе Меси веднаш се огласи на социјалните мрежи и категорично демантираше дека тоа се лажни вести.

„Престанете да измислувате работи“, порача таткото на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…