Целиот тим на Хофенхајм е ставен во карантин откако се појавиле три нови случаи на позитивни со коронавирусот.
Заразени се Себастијан Руди и Исак Белфодил, како и еден член на стручниот штаб.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Од претходно, Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур се позитивни на Ковид 19 откако се приклучија на репрезентативните обврски, во Данска односно во Израел.
Челниците на Хофенхајм не може да откријат како се случило така нагло да се шири вирусот иако во клубот ги почитуваат протоколите, па одлучија целиот тим да го стават во карантин.