Дома Топ вести „Бомба“: Меси започнал преговори со ПСЖ

„Бомба“: Меси започнал преговори со ПСЖ

Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија

Меси има право да преговара со други клубови во јануари, а се чини дека неговиот татко Хорхе веќе ги презема првите чекори. „ЕСПН“ тврди дека Хорхе веќе започнал разговори со челниците на ПСЖ, кои сакаат да го донесат Меси со сите сили на крајот на сезоната. 

„Светците“ сакаат што е можно побрзо да постигнат комплетен договор со Аргентинецот и Меси во јануари да потпише преддоговор со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…