Дома Фудбал Англија Нема крај на лошите вести за Ливерпул: Се повреди и Џо Гомез

Нема крај на лошите вести за Ливерпул: Се повреди и Џо Гомез

Проблемите со повреди во Ливерпул немаат крај. Последната информација која пристигна од Островот е дека дефанзивецот Џо Гомез се здобил со „сериозна“ повреда на денешниот тренинг.

Гомез се повредил на тренингот на англиската репрезентација, но се уште нема официјална информација за состојбата на играчот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Англиските медиуми тврдат дека оваа повреда ќе го извади Гомез од терените подолго време. Тоа ќе биде голем удар за Клоп, кој поради повреда го загуби Ван Дајк за цела сезона.

Минатиот викенд се повреди и Александар-Арнолд за кого се предвидува дека ќе паузира еден месец.

Фабињо, кој го заменуваше Ван Дајк, исто така е повреден, но се очекува да се врати после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл ја „краде“ желбата на Јувентус

Коло Муани е голема желба на Јувентус, каде ја помина втората половина од минатата сезона.…