Дома Фудбал Останато Крос откри дека го нервираат Обамејанг и Гризман

Крос откри дека го нервираат Обамејанг и Гризман

Играчот на Реал Мадрид и германски репрезентативец, Тони Крос е против некои работи кои стануваат тренд во модерниот фудбал, па ги „пецна“ Обамејанг и Гризман.

Крос веќе подолго време заедно со својот брат Феликс организираат поткаст, а сега зборуваше за прославувањето на головите на некои свои колеги.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како лош пример ги наведе ѕвездите на Барселона и Арсенал, поради играта и ставањето маски при прославата.

„Извежбана кореографија, ставање маски, тоа според мене е будалаштина. Таквите работи ме убиваат“, изјави Крос.

„Тоа што не славам на таков начин не значи дека сум помалку среќен. Прашање е како ќе ја манифестираш радоста“, додаде Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…