Дома Фудбал Останато Куман отворено порача каде треба Барселона да се засили

Куман отворено порача каде треба Барселона да се засили

Барселона не ја отвори оваа сезона на најдобар начин во Примера, после седум одиграни кола Каталонците имаат 11 бодови со учинок од три победи, два порази и два нерешени натпревари.

Свесни се и во Барселона дека сезоната не ја започнаа како што се очекуваше, па според пишувањето на странските медиуми Роналд Куман бара засилувања за јануари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Холандскиот стратег и отворено порача дека за јануари му се потребни стопер и напаѓач. Меѓутоа познато е дека Барселона има финансиски проблеми и не е јасно колку клубот ќе може да му ги исполни неговите барања.

„Ќе разговараме, сите знаеме каде треба да се засилиме. Бараме напаѓач и стопер“, изјави Куман.

Потоа тој беше запрашан дали тимот бара напаѓач затоа што се повреди Ансу Фати кој нема да биде во комбинација за настап до март.

„Не, ние не доведуваме играчи затоа што ќе ни се повреди некој“, одговори стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ со нова улога ќе биде дел од Мундијалот: Ова ќе биде најдобриот досега!

„Фокс спорт“ американскиот канал на англиски јазик за Светското првенство во фудбал 2026 г…