Македонија утре ќе игра историски натпревар против Грузија во кој ќе се бориме за пласман на ЕП.
Пред овој натпревар за Фејсбук страната на Фудбалската репрезентација на Македонија зборуваше капитенот Горан Пандев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога почнав да играм првата желба ми беше да настапам во овој свет дрес, во дресот на македонската репрезентација. Играме долго време, скоро 20 години сум тука и дојдовме на само еден натпревар од сонот на сите. Безброј натпревари и финалиња, но настапот за репрезентативниот дрес е нешто посебно. Трема сигурно дека постои, знаеме за што играме, доволно сме искусни и знаеме за што играме. Фудбал е, можат да се случат многу работи, но се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Верувам дека ќе успееме да се пласираме на едно Европско првенство и ќе докажеме дека ќе и во Македонија квалитетни фудбалери“.
„Се направи една репрезентација од младост и искуство. 20 години сум тука ,ваква хемија немало никогаш, сите сме како една фамилија, жално ќе биде да не ја искористиме оваа шанса“, изјави Пандев.
Целиот разговор на капитенот погледнете го во продолжение: