Формула 1 денеска го објави календарот за 2021 година во која ќе дебитира трката во Саудиска Арабија, а исто така направени се некои интересни измени.
Следната сезона во Ф1 ќе почне во Мелбурн. Првиот викенд ќе се вози од 19 до 21 март, а следниот викенд се вози во Бахреин. Третата трка се вози во Кина, додека четвртата се вози од 23 до 25 април, но засега не е познато каде со оглед на фактот дека е откажана Големата награда на Виетнам.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потоа следат Барселона и Монте Карло, како и Баку додека во календарот е и Големата награда на Канада, иако организаторите кажаа дека трките не сакаат да ги организираат без присуство на публика. Ќе се вози потоа во Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, па следат Белгија, Холандија и Италија. По што следат Русија, Сингапур и Јапонија без никакво растојание.
По Јапонија следи трката во Америка, а потоа на програмата се Мексико, Бразил, Саудиска Арабија, а финалето е на 5 декември во Абу Даби.
Меѓу најголемите промени е тоа што Холандија конечно ќе има своја трка. Тоа требаше да се случи годинава, но трката беше откажана поради пандемијата на Ковид-19