Дома Македонски спорт Мак баскет Женската кошаркарска репрезентација на Македонија отпатува за Рига

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија отпатува за Рига

На последниот ден од престојот крај Охридското Езеро, селекторот Владимир Ѓоровиќ го формираше составот со кој ќе се обиде да направи подобар резултат во однос на оние почетните во групата „И“ од евроквалификациите.

За средбите со Хрватска, а потоа и со Германија, Ѓоровиќ одбра 11. кошаркарки. На оние десет кои ги поминаа седумдневните подготовки во Охрид, непосредно пред заминувањето за Софија, а потоа и за Рига, се приклучи и капитенот на националниот тим, Анџелика Митрашиновиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„За жал, од здравствени причини, не можеме да сметаме на некои кошаркарки како Софија Лазареска, која мораше да остане во Италија, и Драгана Јоловиќ, која беше со нас во Охрид, но исто така ќе го пропушти овој турнир во Рига“ – појаснува Ѓоровиќ за и околу конечниот избор за она што следува во текот на оваа седмица.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА ТУРНИРОТ ВО РИГА

1. Нена Трајчевска

2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Матеа Николиќ (Кампо Басо – Италија)

4. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

5. Ивона Пејковска (Вардар)

6. Сања Адамовска (Бадел 1862)

7. Јована Петрушевска (Вардар)

8. Габриела Модева (Струга 2009)

9. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

10. Цветанка Димова (Бадел 1862)

11. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…