Дома Фудбал Ансу Фати со тешка повреда, познато колку ќе паузира

Ансу Фати со тешка повреда, познато колку ќе паузира

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати заработи повреда на коленото поради која подолго време ќе биде надвор од терените.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фати на полувремето од мечот со Бетис остана во соблекувалната, тој има повреда на менискусот во левото колено.

Според изворот, периодот на опоравување на 18-годишниот Шпанец зависи од тоа дали играчот ќе биде опериран.

„АС“ објави дека Фати најверојатно ќе се подложи на операција, по што играчот ќе може да се врати на терените во период од 2 до четири месеци.

Оваа сезона, Фати одигра 10 натпревари за Барселона, постигна пет гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“ (Видео)

Барселона синоќа ја осигура својата 29-та титула шампион на Шпанија. На домашниот терен на…