Дома Топ вести Белгијците обвинуваат: Реал го „наместил“ позитивниот тест на Азар!?

Белгијците обвинуваат: Реал го „наместил“ позитивниот тест на Азар!?

Реал Мадрид вчера соопшти дека има двајца позитивни на коронавирус, а тоа се Еден Азар и Касемиро, кои веднаш се испратени во изолација.

Сепак, од Белгија постојат сомнежи за резултатите од тестовите на Ковид-19 во „кралскиот“ клуб.

Од утре почнуваат собирите за репрезентациите бидејќи се игра завршницата во Лигата на нации, а од Белгија постои сомнеж дека тестовите не се точни, односно резултатите ги „наместил“ Реал Мадрид затоа што не сака да го пушти Азар.

Азар неодамна се врати на терените по повредата, па најверојатно Реал не сакал да ризикува тој пак ќе се повреди, па затоа од Белгија ја побараа целосната документација за да откријат дали нивниот репрезентативец навистина е позитивен на коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руни не го сака медалот од 2012: Не го заслуживме!

Рио Фердинанд и Давид де Хеа би ја прифатиле титулата за сезоната 2011/12 доколку истата м…