Дома Фудбал Италија Видал: Дојдов во Интер поради Конте, сакам да ја освојам Серија А и ја сонувам ЛШ

Видал: Дојдов во Интер поради Конте, сакам да ја освојам Серија А и ја сонувам ЛШ

Артуро Видал од оваа сезона го носи дресот на Интер, Чилеанецот по доаѓањето на Роналд Куман беше означен како „вишок“ и го напушти клубот.

Неколку клубови се интересираа за неговите услуги, а на крајот тој одлучи да се врати во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Јувентус. Во интервју за „Кориере дело Спорт“ Видал зборуваше зошто се решил да ја прифати понудата на Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Тука сум првенството поради Конте. Три години бевме заедно во Јувентус и тоа беше незаборавно искуство. Долго разговаравме ова лето и клубот направи се за да ме доведе. Конте е ист тренер како што беше во Јувентус. Сака фудбал и пренесува страст. Сериозно може да се налути ако направиш грешка“, истакна Видал.

Зборуваше Видал и за случувањата во Барселона.

„Бев среќен во Барселона, моите соиграчи ми станаа големи пријатели, но работите се променија и одлучив да дојдам тука. Чувствувам глад за освојување на Серија А и го сонувам трофејот во Лигата на шампионите“, порача чилеанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…