Дома Фудбал Останато Ван Бастен за прошталниот меч: Бев гостин на сопствениот погреб!

Ван Бастен за прошталниот меч: Бев гостин на сопствениот погреб!

Легендарниот холандски фудбалер, Марко Ван Бастен даде интервју за „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за својата богата кариера.

Трикратниот освојувач на „Златна топка“ поради серија на повреди мораше многу рано да ја прекине кариерата, на само 28 години.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Тоа беше погреб. Мојот погреб и јас гостував на него! Не јас како човек, туку јас како фудбалер. Така се чувствував, така се чувствуваа моите соиграчи, навивачите на стадионот, навивачите кои гледаа сè на телевизија. Тоа беше уникатен момент, тоа беше историја. Во моментот кога умрев како играч”, изјави Ван Бастен.

„Се сеќавам на моменти од 1994 година кога среде ноќ станав од кревет и од болки не можев да одам во тоалет. Болката беше таква, што на секое движење викав од болка. Периодот беше таков, но болките беа посилни од мојата желба. Морав да го послушам телото бидејќи не знам што ќе ме снајдеше ако со такви болки продолжев да играм“, се присетува Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…