Дома Македонски спорт Интервју на „Спортски“ со Пандев: Во финале фаворити нема, одлучува желбата!

Интервју на „Спортски“ со Пандев: Во финале фаворити нема, одлучува желбата!

На 12. ноември Македонија ќе игра историски натпревар против селекцијата на Грузија за пласман на Европското првенство, а пред овој натпревар „СПОРТСКИ.МК“ направи интервју со нашиот капитен Горан Пандев.

Со се што направи Пандев заслужи Македонија да ja предводи на едно големо натпреварување, неговата желба секако е огромна, како и на целата спортска јавност. Сите веруваме дека на 12. Македонија ќе слави историски пласман на едно Европско Првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


1. Против Грузија одигравме два пати нерешено, каков дуел очекувате сега? Очекувате ли промени во нивната игра во однос на претходните два натпревари?

  • Не очекува еден тежок натпревар, различен од претходните два кои ги одигравме. Ги знаеме нивните добри и лоши страни, ова ќе биде посебен натпревар, но треба да влеземе со ладни глави. Ќе одлучуваат нијанси, секоја нивна грешка треба да ја искористиме.

2. Сметате ли дека за нас е позитивно е што и натпреварот во Тблиси ќе се игра без публика?

  • Фудбалот се игра за публика и жал ни е што нема да има гледачи, но за нас во овој случај е подобро затоа што сме гости.

3. Имаше ли некој играч во претходните два натпревари кој ви остави посебен впечаток?

  • Да, играчот кој ни даде гол во Скопје. Кварташкелија, игра во Рубин Казан и е незгоден и добар играч, мораме да внимаваме на него бидејќи видовме дека може да ни направи проблеми во одбраната.

4. После она што го видовме во двата натпревари со Грузија можеме ли да се сметаме за фаворити?

  • Ова е финале, нема фаворити. Како што кажав претходно, натпреварот ќе го одлучуваат нијанси, а ние се надеваме дека тие нијанси ќе бидат на наша страна.

5. Се зборуваше ли за овој дуел уште по тој натпревар со Грузија во Скопје со оглед дека не беше така одамна?

  • На последниот натпревар во Скопје и двете репрезентации не бевме комплетни, па затоа тој дуел и не може да биде некој голем показател. Тактиката е на селекторот, како ќе одлучи така ќе играме. Меѓутоа мое мислење е дека на вакви натпревари тактиката не одлучува, одлучува желбата за победа. Финале не се игра за тактика и убава игра, финале се игра да победиш!

6. Во случај да се пласираме на Европското првенство ќе бидат ли тие натпревари последни за вас во националниот дрес?

  • Да, така е. Натпреварите на Европското првенство би биле мои последни.

7. Имате ли мислење за Дени Мусовски кој во иднина веројатно ќе биде дел од нападот на Македонија?

  • Мусовски не го познавам, но ако селекторот го контактирал и мисли дека може да помогне ние со раширени раце ќе го прифатиме.

8. И за крај за вашиот голем клупски јубилеј. 450 настапи во Серија А, помислувавте ли на почетоците кога дојдовте во Италија дека може да стигнете до една ваква бројка

  • 450 натпревари во Серија А сигурно е големо нешто за мене и мојата фамилија бидејќи без нивната помош никогаш немаше да ја достигнам оваа бројка во една од најсилните лиги во Европа.

Разговара: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Традицијата вели: Анчелоти никогаш не губи од Баерн

Вечерва Карло Анчелти ќе го води Реал Мадрид против Баерн Минхен на гости во полуфиналето …