Дома Фудбал Репрезентации Словаците обвинуваат: Германија и Италија се срам за фудбалот!

Словаците обвинуваат: Германија и Италија се срам за фудбалот!

Селекторот на младата репрезентација на Словачка, Павел Хапала, по елиминацијата на неговата репрезентација од ЕП, директно ги обвини Германија и Италија и ги нарече срам за фудбалот.

Словачка не успеа како најдобра вторпласирана селекција да избори полуфинале на ЕП, бидејќи Германија загуби од Италија во последното коло, во Ц групата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Германците завршија на второто место во групата со шест бодови и гол разлика 5:1, додека Словачка која го освои второто место во А групата имаше шест бодови и гол разлика 6:3.

„Многу сум разочаран, сите сме разочарани. Со должна почит кон Англија и Шпанија за мене овој турнир заврши, немам намера да го гледам понатаму. Она што го приредија Италијанците и Германците е голем срам за фудбалот“, изјави селекторот на младата словачка репрезентација.

Италија успеа да стигне до полуфиналето благодарение и на триумфот на Данска над Чешка (4:2). Минималната победа им го обезбеди првото место, а Германија заврши на второто бидејќи имаа за еден гол подобра разлика од Словачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …