Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше за можното враќање на Пол Погба во италијанскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Паратичи не ја отфрли можноста Погба да се врати во Јувентус, но потенцираше дека рано е да се зборува за тоа.
„Ова лето размислувавме само за Мората бидејќи ни беше потребен напаѓач. Кога зборуваме за Погба, тој е играч на Манчестер Јунајтед и рано е да зборуваме за евентуално негово враќање“.
„Погба ни даде многу додека беше тука и ние многу го цениме тоа. Сега сме концентрирани на тимот кој го имаме, во иднина се може да се случи“, изјави Паратичи.