Дома Фудбал Пирло: Резултатот е добар, но не и играта

Пирло: Резултатот е добар, но не и играта

Тренерот на Јувентус Андреа Пирло остана незадоволен од играта на својот тим и покрај високата победа над Ференцварош во Лигата на шампиони.

Првите два гола ги постигна Алваро Мората, а пота два пати погоди и Паоло Дибала, кој ги искористи катастрофалните грешки во одбраната на Ференцварош за конечни 1:4.

„Резултатот е добар, но не и играта. Направивме многу грешки и треба многу да се подобруваме. Многу разговарам со играчите, но тие носат одлуки кога се на теренот. Можеа да бидат помалку егоистични, треба порано да го решат натпреварот“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балдини со татковски совет до Камарда: Головите не смеат да ти станат опсесија

Селекторот на Италија до 21 година откри како му помага на младиот напаѓач на Милан, а за …